Фулеко, маскотата на Мундијалот во Бразил

Малиот „оклoпник“ наречен „Фулеко“, што е кованица за зборот фудбал и екологија на португалски, е маскота на овогодинешното Светско првенство во фудбал кое ќе се одржи на  јуни до 13 јули во Бразил.brazilian_threebanded_armadillo_tolypeutes_tricinctus__joares_may_2_74311

Армадило (на шпански „оној кој има оклоп“) е цицач кој живее во Северна и Јужна Америка. Постојат околу 20 видови армадили, кои се разликуваат по бројот на кругови на оклопот. Нивната просечна должина е околу 75 сантиметри, вклучувајќи ја и опашката.

armadillo-tamano-pelota-tenis

Видот армадил, избран за маскота на Светското првенство, живее во североисточен Бразил. Се одликува по тоа што може да се собере во топка за да се одбрани од нападите.

Бразилските еколози покренаа кампања за заштита на армадилите, маскотата на овогодинешното Светско првенство во фудбал.

Brazilian Lesser Long-Nosed ArmadilloПретставничката на здружението за заштита на природата Катинг, Лијана Сена, истакна дека на малиот оклопник му се заканува истребување поради сечење на шумите и ловот.

Од здружението се надеваат дека тоа што е избран за маскота на Светското првенство, е „помош на општеството и владата да станат свесни за значењето на спасувањето на армадилите и нивното природно живеалиште“