Функционерот на ДУИ во Куманово убиен од сопартијци?

Вршителот на должност претседател на разгранокот на ДУИ во Куманово, Бајрам Лимани, кој е еден од  учесниците во инцидентот во кој беше убиен Џемаил Реџепи алијас командант Шипоња, за телевизијата „Алсат М“ изјави дека тој и неговиот придружник во самоодбрана посегнале по оружје.

Бевме на работното место, како вршител на должноста претседател на разгранокот на ДУИ во Куманово, заедно со моите придружници кои беа таму. Оваа група влезе на работното место и не нападна, сакаа да ми ги искинат документите и досиејата што ги имав пред себе. Не нападнаа со столчиња, со тупаници… Ние бевме принудени да го браниме нашето достоинство и ги извадивме оружјата за да ги заплашиме. Мојот придружник пукаше во воздух за да ги оттргне, но тие не се повлекоа, вели Лимани.

Тој понатаму објаснува дека следувал физички напад од повеќе лица врз него и врз неговиот колега.

komandant-na-uckТројца го нападнаа него, тројца или четворица мене и при физичката пресметка можно е да испукало некој куршум од пиштолите. Ние не сторивме ништо намерно.

Што се случи ние не знаеме, бидејќи по неколку минути тепачка го напуштивме местото на настанат. Настанот е снимен и со камери, значи постојат снимки со кои можат да видат и да утврдат и органите на правдата и јавноста, и во Македонија и надвор од неа, дека многу ни е жал, но ништо не се случи по наша вина и одговорност, изјавил Лимани за Алсат М.