Функционери блиски до Дачиќ ги користеле услугите на елитните проститутки

Двајца високи функционери на СПС во Србија ги користеле услугите на елитните проститутки, а нивните имиња биле пронајдени на списокот клиенти во компјутерот на уапсениот Михајло Максимовиќ, пишува српски „Курир“.

-Во компјутерот на уапсеното макро пронајдени се имиња на неколку социјалисти, а меѓу нив се и двајца високопозиционирани фунционери што и’ се познати на пошироката јавност. За еден од нив во весниците често може да се најдат текствови и тоа најчесто поради расипничкиот и луксузен начин во животот, додека другиот често настапува во име на СПС и важи за семеен човек, велат неофицијални извори за српски „Курир“.

фото: Kurir.rs