„Фуријата“ се истури врз светскиот вицепрвак: Шпанија – Хрватска 6:0

Актуелниот фудбалски светски вицешампион, селекцијата на Хрватска го отвори натпреварувањето во Лигата на нациите на УЕФА со најтешкиот пораз во својата историја, откако беше совладата во Шпанија со 0:6.

Головите за Шпанија ги постигаа Саул Нигуез во 24, Марко Асенсио во 33, автогол со постигна Ловро Калиниќ во 35, Родруго во 49, Серхио Рамос во 57 и Иско во 70 минута. Најдобар играч беше Асенсио кој покрај погодокот придонесе и за автоголот на Калиниќ кој по неговиот удар ја погоди сопствената мрежа а имаше и две асистенции.

Шпанија со оваа победа ја продолжи низата без домашен пора во официјалните мечеви на 38 натпревари остварувајќи притоа 34 победи. Шпанците последен пат загубиле официјален натрпевар дома пред 15 години, и тоа од Грција со 0:1.

За „Црвената фурија“ ова е втора победа во Групата 4, откао во саботата во Лондон ја совлада Англија со 2:1 и по два меча има шест бодови истакнувајќи се како главен кандидат за првото место, додека Хрватска и Англија во меѓусебните натрпевари ќе решаваат кој ќе се пресели во понизок ранг од ова ново натпреварување на УЕФА. Победникот, пак, ќе настапи на „фајнал форот“ на Лигата А, додека најслабите селекции од секоја од четирите групи ќе се преселат во понискиот ранг во Лигата Б.

Селекцијата на Белгија, пак, во својот прв настап во средбата од второто коло од Групата А во првата квалитативна група како гостин во Рејкјавик го совлада исланд со 3:0. Третопласираната репрезентација од последниот мундијал до победата стаса со двата гола во само две минути кои ги постигнаа Еден Азар во 29 минута од пенал и Ромелу Лукако во 31 минита, за Лукаку во 81-та да го постигне конечниот резултат.

Белгија со оваа победа бодовно се израмни со Швајцарија, којашто во истиот термин во Лестер беше совладана од Англија со 1:0 во пријателски меч, и сега двете репрезентации имаат по 3 бода од еден меч, додека Исланд е без бодови од две средби и со гол-разлика од 0:9.

Босна и Херцеговина ја оствари и втората победа во Групата 3 од Лигата Б, совладувајќи ја во Зеница селекцијата на Австрија со 1:0. Голот за големите нови три бода го постигна Един Џеко во 78 минута. Така БиХ е на врвот со шест бодови, додека Северна Ирска и Австрија во оваа група се без бодови.

Во натпреварит од Групата 2 од Лигата Ц домашните селекции остварија минимални победи. Финска во Турку ја совлада Естонија со 1:0 со голот на Теему Пукки во 12 минута. Унгарија, пак, во Будимпешта беше подобра од Грција со 2:1, а за неа погодија Роланд Салаи во 15 и Ласло Клејнхелсекр во 43, додека гостите израмнија преки Костас Манолас во 18 минута.

Во оваа група Финска има максимални шест бодови, додека Унгарија и Грција имаат по три, а Естонија е без бодови.

Во Групата 2 од Лигата Д, Лускембург ја впиша и втората победа во вториот меч, а го победи Сан Марино како гостин со 3:0, со головите на Максим Шанот во 9, Аурелиан Јоаким во 45 и Даинел Синани во 52 минута. Молдавија и Белорусија во Кишинев одиграа без голови.

Луксембург води во групата со шест бодови, Белорусија е втора со четири, Молдавија е трета со еден, а Сан Марино е последен без бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.