Германско-француска комеморација во Битола

комеморација

Во знак на помирувањето на двете држави и како доказ за француско-германското пријателство, во присуство на претставници на државните и локални власти, на дипломатскиот кор и на здруженија, амбасадорката на Сојузна Република Германија Кристине Алтхаузер на француските воени гробишта во Битола рече дека овој ден е ден за сеќавање на жртвите од уништувачкиот 20.век.

– Во Европа долги години постоеше надеж па дури и цврста верба дека континентот извлече цврста поука од исуствата на уништувачкиот век. Слободна Европа, здружена Европа, сплотена Европа е одговорот за да не се повторуваат злосторствата врз човештвото. За жал денес се соочуваме со други, многубријни кризи што секојдневно ни се случуваат и не оставаат без здив. Секој ден демнат опасности од тероризмот и други проблеми кои заеднички треба да ги решаваме одговорајќи соодветно на предизвикот, рече меѓудругото амбасадорката на Сојузна Република Германија Кристине Алтхаузер, на денешната традиционална комеморација на француските гробишта во Битола што се одржува по повод Денот на примирјето од Првата светска војна и Денот на народна жалост.