Главен проект на СДС и ДУИ – Судство отворено за криминал како пупка

Само во Македонија мафијата си има своја држава, затоа што има судство кое СДС го отвори како пупка. Раководствата на судството и обвинителството 6 години е под јеремот и партискиот чекан на СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во Македонија челните луѓе на судството даваат оставка на свирка од партиските штабови на Бихаќа и Речица и затоа имаме неказнет криминал.

Што стана со туцето на пари мито на Ден Дончев? До каде е случајот со софтверот на Драги Рашкоски? Поради кои политички монтирани случаи е наградена Добрила Кацарска?

Како тоа во Македонија ниту еден голем криминалец не лежи во затвор? Како тоа се застаруваат случаи во фиока додека невини има по затворите.

Нема оправдувања. Судството и обвинителството се урнисани за да тече криминалот на ДУИ и СДС, потенцираат од партијата.