Голем собир на ВМРО-ДПМНЕ во СЦ „Борис Трајковски“

ВМРО-ДПМНЕ в недела, во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе одржи голем собир на граѓани, на кој се очекува да се обрати премиерот Никола Груевски, пишува весникот „Дневник“.

Настанот е резултат на иницијативата на повеќе општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ, како резултат на последните случувања во земјава.

Граѓаните ќе може да ги слушнат ставовите на партијата за поевќе актуелни теми, а ќе бидат претставени и планови за следни активности.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.