Горан Попов наскап фудбалер во Македонија

Дефанзивецот Горан Попов, во моментов член на Вардар, по враќањето во македонското првенство стана и најскапиот играч на домашниот фудбалски пазар.

Левиот бек на Вардар и македонски репрезентативец, според „Трансфермаркт“ во моментов вреди 1,32 милиони фунти, што го прави фудбалер со најголема пазарна вредност кој настапува во Првата македонска фудбалска лига.

Сепак, ова не е неговата најголема вредност. Горан Попов, според истиот портал, во 2012-та година во моментот кога од Динамо Киев се пресели на позајмица во ВБА вредеше 3,52 милиони фунти.

Втор најскап фудбалер кој настапува во домашното првенство исто така е повратник и исто така е член на Вардар, а тоа е дефанзивецот Бобан Грнчаров чија моментална вредност е 528 илјади фунти.

На третото место на оваа листа е Дарко Велковски во Работнички, кој според „трансфермаркт“ вреди 440 илјади фунти, а исто толку вредат Арменд Алими од Шкендија и голманот на Металург Андреа Ефремов.