Горештините во Италија доведоа до зголемување на смртноста за 29 отсто

Топлотниот бран што ги погоди Апенините ова лето резултираше со зголемување на стапката на смртност за 29 отсто во јули, што ги погоди сите возрасни групи над 65 години, соопшти италијанското Министерство за здравство.
Процентот на зголемена смртност е всушност вишокот на реалниот број на смртни случаи во одреден временски период, во однос на очекуваниот.

Анализата на Министерството за здравство е од 33 големи градови каде најголеми последици почувствувале лицата на најстарите слоеви од населението од над 85 години.

Во јули, експертите од Националниот институт за атмосферски и климатски истражувања (Исак) објавија дека првите седум месеци од 2022 година забележале толку високи температури во Италија што оваа година би можела да биде најтоплата во последните 200 години метеоролошки набљудувања на Апенините.

Научниците објавија дека минатиот јули бил вториот најтопол досега, надминат само од аномалниот месец во 2003 година.

Метеоролозите забележаа рекордна просечна температура во јули, за 2,26 степени повисока од просечната температура од 1800 година. Што се однесува до првите седум месеци од годинава, оваа бројка го надминува просекот за 0,98 степени.

На почетокот на август 2021 година, температурата на воздухот во селото Флорида достигна 48,8 степени.

Со тоа е срушен паневропскиот рекорд, кој според податоците на Светската метеоролошка организација се одржува од јули 1977 година, кога во Атина се забележани 48 степени на топлина.