Гошев: Фактите недвосмислено наведуват дека зад работењето на Заев стои Црвенковски

Зоран Заев, како градоначалник на општина Струмица, и’ доделил договор за јавна набавка на фирмата Семос вреден 1,2 милиони денари иако фирмата не ги исполнувала тендерски услови, тврди ВМРО ДПМНЕ.

„Пред неколку месеци Градоначалникот Заев склучил  договор за набавка на компјутерска опрема и софтвер за потребите на Општината со фирмата СЕМОС ДОО Скопје. Договорот е во вредност од 1.257.548 денари.  Согласно огласот за набавката се набавуват  37 компјутери  и  соодветна  опрема. Од тековната состојба на СЕМОС ДОО може да се види дека еден од сопствениците и основачи  е  Јасна Црвенковска, сопруга на Бранко Црвенковски. Зоран Заев тврди дека откако станал Претседател на СДСМ  одлучува и работи самостојно, но изложените факти недвосмислено наведуват дека зад работењето на Заев всушност стои  Бранко Црвенковски“, вели Славе Гошев од ВМРО ДПМНЕ.

Гошев додава дека иако во тендерот било наведено дека е задолжително фирмата да има деловна единица во Струмица, Семос иако не го исполнувала овој услов сепак го добила договорот.

„Дали станува збор за прекршување на законот со цел народните парите на струмичани  да стигнат во фирмата поврзана со Бранко Црвенковски ? Да потсетиме дека според Ревизорски извештај  фирмата  СЕМОС ДОО  на претходните парламентарни  избори  се појавува како најголем финансиер во средства и опрема на кампањата на СДСМ“, рече Гошев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.