Гранада против Осасуна до петтата првенствена победа

Најпријатното изненадување есенва во шпанското фудбалско првенство, Гранра во првата средба од деветтото коло ја оствари петтата победа, совладувајќи ја на свој терен Осасуна со 1:0.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Домингос Дуарте во 38 минута.

Во дуелот со израмнет посед на топката, Осасуна покажа многу помалку амбиции да го загрози противничкиот гол со осамениот Чави Авила. Гостите дуелот го завршија со ирач помалку, во втората минута од судиското продолжение исклучен беше Фран Мерида.

Со новите три бода Гранада моментално е на второто место на табелата со 17 бодови, еден помалку од водечкиот Реал Мадрид, а еден повеќе од третата Барселона, додека Осасуна е 11-та со 11 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.