Греењето на дрва не’ убива, ќе не спасат ли новите мерки?

greenje na drva

Од мерката за субвенционирање за набавка на електрични автомобили, преку доделување на субвенции за вградување на плински систем во автомобилите, поддршка за греење со пелети, набавката на нови електрични автобуси, па се до изградбата на систем за гасификација, се очекува значително намалување на загадувањето на животната средина.

Државниот секретар во Министерството за животна средина, Соња Лепиткова очекува дека мерките ќе дадат одлични резултати и дека граѓаните освен здравствени ќе добијат и огромни финансиски придобивки.

Последната студија која Министерството за животна средина ја изработило и во која се третирало аерозагадувањето посебно во поголемите градски средини, како што вели Лепиткова, покажала дека дури 70 отсто од загадувањето посебно во зимските услови доаѓа од типот на горивото кое се користи при загревање на домовите, особено во котлинските градови како што се Тотово, Скопје, Кичево и Кавадарци. Автомобилите се на второ место и загадувањето кое тие го предизвикуваат се движи некаде околу 18 проценти, а 12 отсто при загадувањето било предизвикано од индустријата, која тогаш не била приспособена да ги примени новите технолошки решенија.

Sonja Lepitkova

Според неа, секој намален процент на загадувањето на воздухот е од огромно значење за секој еден граѓанин на државата. Лепиткова смета дека една од мерките која во најголема мера ќе влијае врз намалувањето на загадувањето е мерката која предвидуваа субвенции за греење на пелети,  како и новонајавените мерки од страна на лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски за набавка на електрични автомобили, вградување на плински систем во автомобилите.

Секој намален процент во однос на загадување на воздухот е значителна придобивка за населенито, посебно во Скопје каде што немаме вертикално движење  на воздухот пред се во зимските месеци се исклучително важни сите мерки кои се превземаат во насока на намалување на загадувањето. Најподатливо за тоа, од најновонајавенате мерка од субвенциите за набавка на електрични автомобили, па се до гасификацијата на Скопје е мерката која се однесува на користење на пелети за загревање на домовите, со која во најголем процент ќе се намали загадувањето, а секако исклучително најефективна е и мерката за вградување на плински уред во возилата, ако се во предвид дека е помала инвестиција како и дека автомобилите испуштаат честички кои можеби поединечно и не влијаат толку во висок процент во емисиите, меѓутоа токму тие се причинители за формирање на пи-ем честичките. Кога ќе дојдат на одредено ниво во воздухот тие ги формираат пи-ем честичките, посочува Лепиткова во изјава за Нет Прес.

Таа дополнува дека клучен момент е и набавката на што поголем број на градски автобуси, како и новонајавените електрични автобуси, кои, како што посочи Груевски, освен што се поисплатливи ќе го постигнат истиот еколошки ефект како и при употреба на возила трамвај, кои имаат речиси нула загадување.

По мене клучно и многу значајно е набавката на поголем број автобуси и влијанието од камапањите да се користи алтернативен превоз. Од тие причини за почеток ќе се набават 50 електрични автомобили во кој ќе субвенционираат и градот Скопје и државата , и секако тука спаѓаа и мерката која се однесува на постарите автомобили и со која истите ќе можат да се приспособат да возат на плин, а за таа намена да добијат субвенции од државата за набавка на таков уред. Инвестицијата за вградувањето на таков уред, ако се вози на подолги релации се враќа за неполна година, а ако на пример пак се вози по 10 илјади километри на годишно ниво инвестицијата ќе се врати за околу три години, додава Лепиткова.

Ваквите мерки, како што потенцираа таа, се на ниво на скандинавските држави и не се применуваат во многу поразвиени држави од Македонија.

Презентирајќи ги новите мерки кои се однесуваат на намалување на загадувањето на животната средина, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи дека со набавката на електрични автобуси, ќе избегне раскопување на Скопје во период од неколку години и побрза реализација на проектот.

gruevski

Набавка на возилата трамвај ќе ја чинеше државата годишна субвенција меѓу 11 и 14 милиони евра во период од 30 години. Тоа беше крајно неисплатливо, и затоа не се реализира, и покрај нашите големи обиди и разговори со многу производители. За разлика од тоа, набавката на 20 те зглобни дводелни електрични автобуси со дизајн на трамвај, не само што ќе го постигне истиот еколошки ефект, истиот број на кабини со ист број патници во него, истата брзина овозможена со резервираната лента, исто како кај трамвајот, удобност и слично, туку што е клучна разлика ќе избегне раскопување на целиот град во период од неколку години и побрза реализација и најважно цена за се на се, само околу 12 милиони евра, проценета вредност, кои ќе се исплаќаат во неколку годишни рати. Дополнително ЈСП ќе нема трошоци за гориво. Понуда од ваков тип ќе биде овозможена и на другите општини кои имаат јавен градски превоз, истакна Груевски.

Мерката за набавка на електричен автомобил предвидува во период од 10 години истите да бидат ослободени и од плаќање на патарина, бесплатен паркинг на кој било јавен паркинг, бесплатна регистрација во делот за надомест за патишта, приоритет во движењето во сообраќајот, како и достапна инфраструктура за полнење.

Со изменување на регулативата ќе овозможиме такси компаниите кои имаат само електрични компании да бидат ослободени од сите давачки кон градот што ги имаат останатите такси компании, како и да добијат неповратни 5.000 евра грант за секое ново електрично возило што ќе го набават. Полнењето со енергија за нив ќе биде бесплатно на сите државни паркиралишта во наредните 10 години. Паркиралиштата ќе бидат обврзни најмалку 5 отсто од достапните паркинг места да бидат за електрични возила и за нив да обезбедат приклучоци за полнење со енергија, истакна Груевски.

За оние граѓани пак, кои, кои поради цената или други причини нема да можат да ја искористат мерката за електричен автомобил,  Груевски најави мерка со која се предвидува се планира обезбедување на субвенции за вградување на плински систем во автомобилите.

Почнувајќи од наредната 2017-та година ќе се овозможат ваучери од 300 евра за набавка на плински уред кои ќе се распределат на јавен повик секоја година. Со оглед на тоа дека бројните научни анализи покажуваат дека најголеми загадувачи на воздухот во категоријата автомобили се возилата со ЕУРО 0, ЕУРО 1, 2 и 3 стандард односно оние кои се произведени до почетокот на 2006-та година, оваа мерка ќе се однесува само на автомобилите кои спаѓаат во групата на овие еколошки стандарди, останатите ЕУРО 4 и 5 ги запазуваат највисоките еколошки стандарди и се со ниво на загадување колку што се и автомобилите со вграден плински уред. Автогасен уред е можно да се вгради во речиси сите возила на бензински погон. Постојат многу мал број на возила кај кои не е можно преорентирање од бензин на гас што значи дека потенцијални апликанти ќе бидат сите оние кои имаат автомобил на бензин, рече Груевски.

Пред неколку месеци, пак, во насока на зачувување на животната средина и намалување на загадувањето, од страна на лидерот на владејачката партија, беа најавени и субвенции за греење на пелети. Проектот е предвидено да започне да се спроведува од 2017 и ќе важи до 2020 година, а за него ќе бидат инвестирани најмалку по 3,5 милони годишно или вкупно 14 милиони евра, со можност за издвојување повеќе средства доколку за тоа има интерес. Ќе се сувенционира купувањето печки на пелети, ќе се намали ДДВ-то за печките и пелетити, а ќе се субвенционира и инсталирање на системи за греење во големи објекти кои вршат јавни дејности.