Груевски на средби и разговори со Вебер, Брок и Звер (ФОТО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер на Република Македонија, Никола Груевски, вечерва оствари средба со Елмар Брок, европратеник и поранешен претседавач на комитетот за надворешни работи на ЕП.

Груевски денеска и утре претстојува во дводневна работна посета на Брисел. Главен настан на неговата посета е конференција за Западен Балкан која е организирана од Европската народна партија (ЕПП), а се одржува во Европскиот Парламент.

Тој во меѓувреме се сретна и со претседателот на ЕПП во Европскиот парламент, Манфред Вебер.

View image on TwitterView image on Twitter

Разговор со Манфред Вебер, Претседател на групата на Европската Народна Партија во Европскиот Парламент.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска во Брисел исто така се сретна со европратеникот и потпретседател на Словенечката демократска партија, Милан Звер.

 

View image on TwitterView image on Twitter

Груевски утре има набиена агенда, според која се предвидени билатерални средби со голем број европратеници, но и средба со еврокомесарот за преговори за проширување, Јоханес Хан.