Груевски: ОН има придонес во справувањето со бројните предизвици

Во обраќањето пред генералното Собрание на ОН Груевски порача и дека Република Македонија ќе продолжи да работи заедно со сите земји-членки на ОН за зацврстување на меѓународниот мир и безбедност, промовирајќи ги човековите права и постигнувајќи ги глобалните развојни цели.

Обединетите нации ги решија или олеснија и продолжуваат да го прават тоа, тешките ситуации и прашања кои никој од нас немаше да ги реши сам. Затоа ние редовно се среќаваме тука во Њујорк да дискутираме и да развиваме инструменти за тоа како ние, Обединетите нации, може подобро да се справиме со постојните и со новите предизвици од различна природа. Неуспесите не се само на нашата организација, туку главно на земјите-членки поради недостигот на политичка волја и понекогаш, храброст, за смели, но неопходни одлуки, порача македонскиот премиер Никола Груевски во обраќањето пред Генералното собрание на ОН.

Заедничките напори, посочи тој, треба да бидат насочени кон зацврстување на системот за нивна гаранција, гледајќи ги и на индивидуално и преку колективното ниво и ние траба да јсе даде целосна поддршка кон напорите насочени кон тоа заштитата на човековите права да биде во сржта на стратегиите и оперативните активности на ОН.

– Она што нам ни е потребно и за сегашноста и за иднината е ООН да продолжи да ја игра својата улога на глобален лидер, за добробитта на човештвото. Во тој контекст, охрабрувачки е што земјите-членки одлучија да му дадат поголема улога на Генералното собрание во претстојниот избор на следниот генерален секретар. Имајќи го предвид фактот дека ниту еден Генерален секретар досега не бил избран од источно-европската група, ние силно го поддржуваме барањето на нашата група во таа насока. Република Македонија останува посветен поддржувач на мултилатерализмот со ОН во неговата средина и верува во предностите што мултилатерализмот му ги носи на светот. Тоа останува главниот принцип на нашата надворешна политика, рече во обраќањето Груевски.

Во овој сѐ поглобализиран свет, потенцира тој, каде денешните вести се веќе минато, каде никој не е изолиран од проблемите на другите, нам ни треба храбра промена во нашите политики.

– Политиката на посветеност, соработка, и мудрост кон решавањето проблеми треба да биде нашата заедничка опција, и тоа преку проактивен пристап и максимален ангажман. Потребно е да важи политиката на почитување и репроцетитет. Малите не смеат да бидат на линија на огнот во предизвиците помеѓу големите. Принципите на секој народ односно држава треба да бидат уважувани. Секоја држава има своја автохтона политика и таа се утврдува на избори низ демократија и неможе да биде вештачки наметната. Не преку уцени. Таа демократија извира природно од народот и неговата слобода да избере, од неговата волја да одлучи самостојно  и Организацијата на ОН мора да продлжќат во негувањето на тој принцип, во заштитата на демократијата, истакна македонскиот премиер.

Посочи дека цврстите морални вредности треба да се носечки темели кои ќе ја артикулираат новата светска ралност и тие во својата суштина ги имаат фактите за слободата и човековите права за хуманоста и солидарноста.

– Од искуствата во изминатите 70 години најмногу преку работата на Организацијата на ОН и нејзините тела би требало сите земји членки колку што можат посветено да помогнат во обликувањето на реформите на ООН како светска организација на држави и народи кои слободно соработуваат. Идниот свет треба да биде повеќеслоен и мултитоларен, без безмислени војни за реставрација на минатото и слично заради што страдаат цели народи. Ние треба да се соочиме со реалноста и да ја подготвиме иднината за нашите потомства, рече премиерот Груевски. 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.