Гус Хидинк нов тренер на Челзи?

Гус Хидинк нов тренер на Челзи?
Гус Хидинк нов тренер на Челзи?
Искусниот холандски фудбалски тренер, Гус Хидинк, најверојатно ќе го наследи Жозе Мурињо на кормилото на „Челзи“ по смената на Португалецот.

Според лондонските медиуми, Хидинк е веќе во Лондон и во еден хотел преговара со членовите на управата околу аранжманот со клубот.

Хидинк во 2009 година, еднаш веќе беше привремен тренер на „Челзи„ откако беше сменет Бразилецот Луиз Филипе Сколари.

Во тој период, на извлекување на клубот од кризата во која се најде, Хидинк успеа да го подигне „Челзи„ и да го освои англискиот Лига куп.

Од 69 годишниот Холанѓанец и сега се бара да помогне во извлекувањето на клубот од неговата сегашна ситуација.

После 16 кола, „Челзи“ кој ја брани титулата освоена во минатогодишното првенство, се наоѓа дури на 16 место, на само еден бод подалеку од зоната за испаѓање и дури 20 бодови зад моментаално водечкиот „Лестер“.

Лондонските спортски весници забележуваат дека работата за Хидинк сега е неспоредливо потешка, отколку пред шест години, па сега е големо прашање, дали клубот и со силниот играчки фонд, со кој располага, ќе може да обезбеди, место што ќе го одведе во Лигата на Европа.

„Челзи“ остана само во годинешнава Лига на шампионите, но сосема е неизвесно колку брзо клубот може да се извлече од кризата.

Жозе Мурињо беше сменет од функцијата, само седум месеци по освојувањето на Премиер лигата.Тој по втор пат се разделува од „Челзи„ на овој начин, но тој и натаму останува најуспешниот и најтрофејниот тренер во овој лондонски клуб.

Хидинк има долга и богата тренерска кариера. До јуни годинава беше селектор на холандската репрезентација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.