Хакирани документите за вакцината на „Pfizer/BioNTech“

Документите поврзани со барањето за одобрување на вакцината против коронавирусот развиена од американската фармацевтска компанија „Pfizer“ и германската биотенхнолошка компанија „BioNTech“ биле хакирани во текот на кибeрнетички напад на серверите на Европската агенција за лекови (ЕМА), објавија во средата од „Pfizer“.

„Важно е да се напомене дека ниту системот на BioNTech, ниту на Pfizer не се оштетени во текот на тој инцидент, но не знаеме кои лични податоци се хакирани. Чекаме повеќе информации за истрагата во ЕМА и ќе реагираме соодветно и во согласност со европското право“, соопштија од „Pfizer“.

„Водејќи сметка за клучните рефлексии за јавното здравство и важноста на транспарентноста, ќе продолжиме да пружаме јасно информации за сите видови на развојот на вакцината и регулаторниот процес“, се додава во американското соопштение.

Европската агенција за лекови, којашто во моментов го разгледува издавањето на одобрување за неколку вакцини против Covid-19, потврди дека била цел на кибернетички напад, непрецизирајќи кога, ниту кој го извел.

„ЕМА беше подложена на кибернетички напад. Агенцијата веднаш започна исцрпна истрага во тесна соработка со органите на проготно и другите релевантни органи“, се вели во соопштението за јавноста.

Кибернетичките напади врз медицински институции и здравствени установи беа зајакнати во текот на пандемијата на коронавирусот, а разни хакери, од шпиони до криминалци, настојуваат да дојдат до најновите сознанија за избувнување на заразата. Американските разузнавачки агенции пролетта наведуваа без да приложат докази за своите тврдења дека хакерите наводно биле поврзани со Северна Кореја, Иран, Виетнам, и конечно со Кина и со Русија за обиди за кражба на информации за вирусот SARS-CoV-2 и можното лекување.

ЕМА, којашто ги контролира лековите и медицинските препарати на сите 27 земји членки на Европската унија, најдоцна до 29-ти декември треба да ја објави одлуката за одобрување на вакцината на „Pfizer/BioNTech“, која веќе е одобрено во Велика Британија, Бахреин и Канада.