Хандановиќ разочаран од резултатите на Интер

Првиот голман на италијанскиот калчо гигант Интер, словенечкиот интернационалец Самир Хандановиќ ги разочара клупските челници и најверните фанови со изјавата дека ќе биде далеку посреќен кога неговиот тим ќе се бори за некој трофеј отколку за место кое води во Лигата на Европа.

„Дали победата во дуелот протов Самдорија може да се дефинира како историска? Не знам што да кажам, немам никаков кометар околу тој натпревар. Се што можам да кажам е дека ќе бидам далеку посреќен кога мојот тим ќе се бори за некој трофеј отколку да се бори за место кое води во Лигата на Европа. Среќен сум поради триумфот во Џенова, но не можам да кажам дека сум задоволен од постигнатите резултати во актуелната сезона и од моменталната позиција на табелата”, изјави искусниот голман.

Репрезентативецот на Словенија подолг временски период важеше за најголема желба на раководните лица на каталонскиот гигант Барселона, а пред неколку дена интерес за неговите услуги покажа и најбогатиот клуб на Островот, Манчестер Сити.