Хомосексуалноста во Индија забранета со закон

Врховниот суд во Индија денеска со закон го забрани сексуалниот однос меѓу личности од ист пол.

Со оваа одлука индискиот врховен суд ја поништи одлуката на Вишиот суд во Њу Делхи од  2009 година со која хомосексуалниот кат беше декриминализиран.

Судот соопштил дека парламентот треба да усвои закон кој не одговара на оваа одлука, пренесе Би-Би-Си.

Според обредба 377 од колонијалниот закон стар 153 години, сексуалниот однос меѓу припадници на ист пол е „неприроден прекршок“ и за тоа може да биде изречена казна затвор од десет години.

Неколку политички, друштевни и верски групи со петиција побараа од Врховниот суд да го врати овој стар закон кој беше укинат со судска одлука во 2009 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.