ХРТ ги санкционира медиумите додека и продава памет на Макeдонија

Хрватската државна телевизија изминатиов период известуваше тенденциозно и во функција на соросовите елементи дека во Република Македонија немало слобода на медиуми и била загрозена слободата на изразување. Но, информациите кои доаѓаат од Хрватска, јасно покажуваат како ХРТ ја сфаќа слободата на медиумите, пишува Пулс24.мк.

Имено, хрватските медиуми пренесуваат дека раководните луѓе на ХРТ донеле одлука новинари на два портала, Дневно.хр и Директно.хр понатаму да не можат да гостуваат во емисии на ХРТ. Хрватските портали пишуваат дека ова звучи неверојатно и неописливо потсетува на некои минати времиња, за кои мислеле дека одамна се зад нив, но за жал тоа не е вистина.

Во стилот и начинот од најригидното време од минатиот век, државната телевизија спроведува невидена цензура, со забранување на настап на новинарите од Директно.хр и Дневно.хр, пишуваат тамошните портали.

Според нив, во одлуката на ХРТ се наведува дека истата е донесена поради „повеќекратни, непрофесионални, непроверени и невистинити написи за ХРТ и нејзините вработени, кои неаргументирано навредуваат и клеветат вработени во ХРТ, нанесувајќи штета на угледот на телевизијата“, заклучуваат од ХРТ, објави Индекс.хр, без притоа да се наведе било каков доказ за ваквите тврдења.

Токму хрватската државна телевизија (ХРТ), која санкционира новинари и спроведува цензура, изминатиов период за случувањата во државава известуваше тенденциозно на иста линија со соросовите медиуми и елемeнти во земјава, продавајќи ѝ памет на Македонија дека во нашата држава немало слобода на медиуми, што јасно покажува како ХРТ ја сфаќа таквата слобода.

Извор: Пулс24.мк