Игор Ивановски, поранешниот висок функционер од кабинетот на Црвенковски влегува во врвот на СДСМ

Игор Ивановски – Шема ќе биде промовиран како предводник на новиот Совет за креирање и имплементација на политики во СДСМ, дознава Телма.

Поранешниот висок функционер на партијата е универзитетски професор на скопскиот Економски факултет со неколку мандати како пратеник претходно.

Тој бееше дел и од претседателскиот кабинет на Бранко Црвенковски.