Играч на лотарија од Калифорнија го освои рекордниот џекпот од две милијарди долари

Играч на американската лотарија Powerball од сојузната држава Калифорнија го освои рекордниот џекпот од 2,04 милијарди долари, објави приредувачот на оваа игра на среќа, прекинувајќи ја низата од 40 последователни извлекувања во кои немаше добитници па главната добивка достигна незамислива сума.

Сопственикот на добитното ливче, чиј идентитет не е откриен, може да земај 997,6 милиони долари одеднаш или целата сума во 9 годишни рати,

Ливчето е продадено во Алтадена, осум километри од градот Пасадена во округот Лос Анџелес,.

Шансите да ги заокружи сите шест добитни бројки:; 10,33, 41, 47, 56 и 10 биле 2 наспроти 292,2 милиони.

Досегашниот рекорд во добивка на Powerball е поставен во 2016 година, кога тројца добитници од сојузните држави Калифорнија, Флорида и Тенеси поделија џекпот од 1,59 милијарди долари.

Новиот рекорд од 2,04 милијарди долари воедно е најголемиот џекпот извлечен кога и да е досега во која и да е лотарија во светот.