Индијан Велс: Федерер и Надал сигурни, кикс на Вавринка

Рожер Федерер и Рафаел Надал продолжуваат со сигурни настапи на Мастерсот Индијан Велс, откако на синоќешните дуели славеа против Диего Шварцман, односно Игор Сијслинг.

Федерер го победи Аргентинецот Шварцман со 2:0 (6:4, 6:2) и во следното коло ќе игра против Андреас Сепи, додека Надал беше подобар од Сијслинг со идентични 2:0 (6:4, 6:2), а во следната рунда ќе игра против Доналд Јанг.

Инаку се случи и првото големо изненадување на турнирот, откако седмиот носител Станислас Вавринка загуби во второто коло на Мастерсот во Индијан Велс, и тоа од 104-от тенисер во светот Робин Хасе со 2:1 (6:3, 3:6, 6:3).

Холанѓанецот до овој турнир во 2015 година имаше скор од 0:6, загуби во сите претходни шест дуели со Вавринка, но сега го приреди најголемото изненадување во досегашниот тек од турнирот.

Пласман понатаму обезбедија и Томи Робредо, Томаш Бердих, Жил Симон..

Британката Хедер Вотсон го приреди првото поголемо изненадување на Индијан Велс. Таа ја елиминира седмата носителка Агнешка Радванска, победувајќи ја со 2-0 во сетови.

Вотсон ја искористи деконцентрираноста во играта на Радванска и првиот сет го доби со 6:4. Потоа се зголеми притисокот над фаворитката, а таа не успеа да се врати во ритам, па и вториот сет го загуби со идентични 6:4.

Ова е прв триумф на Федер Вотсон над една тенисерка од “топ 10” и прв триумф над Радванска по три убедливи порази.

Пласман во следната рунда изборија и Суарез Наваро, Симона Халеп, Серена Вилијамс..