Инклузивен ден „Сите се смееме, но на различен начин“

Деца, родители и наставници од 49 училишта утре точно на пладне ќе се соберат на јавни простори во седум главни градови од Југоисточна Европа за да ги промовираaт придобивките од инклузивно образование.

Овие промотивни настани се посветени на заедничкиот проект на Европската унија и Советот на Европа “Регионална поддршка за инклузивно образование” во Југоисточна Европа. Тие настани ги поддржуваат позитивните искуства  на 49- те пилот училишта кои ги имплементираа проектите за инклузивно образование со кои ќе ги охрабрат и другите училишта во создавање на инклузивна атмосфера.

На овој настан ќе учествуваат и креаторите на политиките, експертите, наставниците, учениците и родителите, членовите на мрежата креирана од тимот на проектот, со цел да се стимулира поголема регионална соработка во инклузивното образование. Учениците од  пилот училиштата  домаќини ќе настапат пред  јавноста со културно- уметнички програма.

Реализирани се радио и ТВ образовни серии, како и видео пораки од познати личности од регионот, со цел да се промовира инклузивно образование и релевантно инклузивните политики и искуства во редовните основни и средни образовни системи во Југоисточна Европа.

Настаните кои ќе се одржат во Тирана, Сараево, Загреб, Подгорица, Белград, Приштина и Скопје ќе делуваат силно синергиски бидејќи ќе се случуваат во ист ден и во исто време. Сите настани се отворени за јавноста.

Настанот кај нас ќе се одвива на Јадран Сквер во Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.