Интерес од кочанските земјоделци за субвенции

субвенции

Според податоците на подрачната единица на Министерството во Кочани најголем интерес земјоделците покажале за мерката растително и сточарско производство со примени и обработени 3.185 барања. За мерката финансиска поддршка  за произведено и продадено млеко во прва фаза се поднесени 315 барања, во втората фаза 385 барања, а во третата фаза 433 барања или вкупно за оваа мерка се поднесени 1.133 барања.

Минатата година земјоделците од Кочанскиот регион пројавиле интерес и за мерката градинско производство и предадено во домашни преработувачки капацитети, вкупно 125 барања,  додека за осигурување на примарното земјоделско роизводство се поднесени 38 барања.

За успешно функционирање на системот за Програмата за финансиска подрчка во земјоделството и руралниот развој од страна на Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Кочани, внесени, обработени и целосно дигитализирани се 5.500 семејни земјоделски стопанства во единствениот регистар на земјоделески стопанства со околу 1.000 барања за промена во единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.