Интерпелација за Димитров во Собранието

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 81-та седница на чиј дневен ред се повеќе законски решенија во прво и второ читање, како и интерпелацијата за работата на министерот за надворешни работи Никола Димитров, поднесена од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Претениците во рамките на седницата треба да расправаат и за Граѓанска иницијатива за собирање потписи од најмалку 150.000 избирачи за распишување на дополнителен референдум за одлучување на граѓаните на целата територија на Република Македонија.

На дневниот ред на седницата се и предлог одлуките за изменување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието на Република Македонија, за изменување и дополнување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламенти на други држави,  за избор на член на Државниот Совет за превенција на детско престапништво, и за именување на членови на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.