iPhone 12 за САД има функција што остатокот од светот нема да ја добие

Не сите уреди од новиот паметен телефон iPhone 12 ќе можат да работат на ултрабрзата технологија 5G mmWave. Овој стандард на новиот уред на американскиот технолошки гигант „Apple“ ќе биде достапен само на пазарот во САД, пишува порталот 9to5mac.

Надворешно, паметните телефони со можност да работат на mmWave се разликуваа со дополнителна антена, која се прикачува на десната страна на корпусот на уредот. Верзиите на моделите од серијата iPhone 12 го немаат овој детал и нема да може да примаат сигнал на милиметарскиот бран.

Технологијата 5G mmWave овозможува максимален пренос на податоци, но радиусот на компатибилната базна станица е многу помал и неговот покривање може да се обезбеди, на пример, на стадиони или аеродроми. Меѓутоа, сето тоа чини.

Извршниот директор на американскиот мобилен оператор „Verizon“, Ханс Вестбер, на презентацијата на iPhone 12 вчера во Купертино изјави дека, паметниот телефон е способен да обезбеди брзина на преземањето во гигабити.

Новата линија на iPhone во продажба во различни делови во светот започнува во периодот октомври-ноември. Најевтината верзија е iPhone 12 Мini која чини од 699 долари, цената на основната верзија iPhone 12 почнува од 799 долари, додека четвртиот уред од серијата iPhone 12 Pro Max ќе чини од 1.099 долари.