Ирфан Бучи е новиот заменик директор на Царина

Ирфан Бучи ќе биде заменик-директор на Царинската управа, дознава порталот „ТетоваСот“.
Бучи доаѓа од огранокот на ДУИ во Чаир и е познат како десна рака на контроверзниот Бекир Асани.

Асани неодамна пак дојде во фокусот на јавноста по инцидентот со полицајката која интервенирала кога пајак-возило требало да го крене неговиот џип. Иако наводно станувало збор за вербален напад, Асани помина само со прекршочна пријава.

Заменикот директор на Царината досега беше Лавдрим Велиу, кој исто така е од ДУИ во Гостивар. Инаку, ДУИ не направи многу измени со имињата на директорите и замениците директори, додека некои кои речиси три мандати се директори, продолжуваат се уште да ја вршат таа функција.

-Кој знае, можеби и ќе се пензионираат на овие позиции- коментира порталот „ТетоваСот“