Исчезна момче од Драчево

Во полицијата во Драчево синоќа било пријавено исчезнато момче.

Неговата мајка,45-годишната Е.С. пријавила во полиција дека на 28. месецов од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот син,  21-годишниот М.С.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на младото момче од Скопје.