Исчезна 11-годишно дете од Кавадарци, полицијата е во потрага

Полицијата информира дека се бара 11-годишен штитеник од Малиот групен дом за деца од социјален ризик во Кавадарци.

Според портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, вработена во Центарот за социјални работи – Кавадарци вчера пријавила дека штитетникот се оддалечил од Домот и се уште не е вратен.