Исполнетоста на германските складишта со гас близу 75 отсто

И покрај намалените испораки на гасот од Русија, нивото на исполнетоста на германските складишта на овој енергенс достигнала речиси 75 отсто, покажаа во четвртокот објавените податоци на европските оператори со гасните складишта/

Според последните достапни податоци, во вторникот нивото на исполнетост на складиштата била на 73,7 отсто, што е за 0,55 отсто повеќе од ден претходно. Од минатиот петок пополнетоста растела за повеќе од 0,5 отсто дневно, и покрај значително намалените количества на испорачаниот руски гас.

Информацијата за нивото на исполнетоста се објава со отстапување од два дена. Новата германска регулатива пропишува складиштата до 1-ви септември мора да бидат пополнети најмалку 75 отсто, а потоа на 1-ви октомври најмалку 85 отсто, а на 1-ви ноември најмалку 95 отсто.

Најголемото германско складиште, сместено во Редхден во сојузната покраина Долна Саксонија, во вторникот било пополнето 51,5 отсто. Според податоците на индустриското здружение INES, во Германија постојат околу 40 складишта за природен гас.

Складиштата за гас ги компензираат флуктуациите во потрошувачката на гасот, правејќи своевидна тампон зона за пазарот на гасот. Во минатото во студените зимски денови и до 60 отсто од потрошувачката на гасот во Германија било покриено од складиштата за гас.