Иванов – Меркел: Германија очекува договорот меѓу Турција и ЕУ за мигрантите да се почитува

Последните случувања околу бегалската криза и состојбата на граничните премини, беа во фокусот на денешните разговори на претседателот Ѓорге Иванов со германската канцеларка Ангела Меркел, во рамки на учеството на Самитот во Лондон посветен на Сирија.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот, на средбата, македонскиот претседател ја информирал Меркел за последните случувања на македонско-грчката граница, како и за мерките кои Македонија во континуитет ги презема за справување со бегалската криза.

ivanov-merkel1-640x375

Иванов истакна дека и покрај тоа што Македонија во моментов пропушта бегалци само од трите држави зафатени со воени дејствиjа, сепак и натаму бројките се мошне високи, посебно имајќи ги предвид зимските временски околности. Германската канцеларка изаразила надеж дека усогласениот договор меѓу ЕУ и Турција ќе функционира и дека сите преземени обврски ќе бидат испочитувани и исполнети, се наведува во соопштението од претседателскиот кабинет.

Воедно, на средбата со претседателот Иванов, Меркел изразила интерес околу развојот на политичките случувања во Република Македонија и во регионот.