Ивон Величковски жестоко го нападна Жерновски: Оставка е решението

Екс лидерот на Либералната партија во објава на социјалните мрежи упати жестока реакција кон Андреј Жерновски по разоткривањето на скандалот дека 18 месеци земал по 60.000 денари за работа што не ја вршел во рамките на аферата на ВМРО-ДПМНЕ “паразити”.

Според него, Влада доколку е посветена на борба со корупција би издала две можни соопштенија: 1. “Поради неоткажување од надомест за работа што не ја извршувал по именувањето на новата должност, Премиерот очекува Жерновски да поднесе оставка до крајот на седмицата.” 2. “По сознанијата за ова прекршување на етиката и праксата на доброто владеење, покрај истрага за случајот од МЗ, Премиерот побара и МНР да отпочне постапка за отповикување на Амбасадорот Жерновски”.

Според Величковски овој скандал ќе определи дали Ковачевски решил да води Влада/партија или се помирил со епизодна улога во нив.

Ковачевски да не купува време, порачува поранешниот лидер на ЛП.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.