Избоден дваесетидве годишен тетовчанец

Вчера во Тетово на ул.„Ленин“, А.Р.(36) од Тетово со нож му задал пет убодни рани во пределот на грбот на  М.Ш.(22) од Тетово кој поради сериозноста на повредите е пренесен во КЦ-Скопје, а А.Р. сам се пријавил во ПС-Тетово.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Тетово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.