Изборен молк пред повторените избори на 32 избирачки места во Србија и три во Белград

Изборен молк почна на полноќ во Србија, во пресрет на повторени избори на повеќе од 30 избирачки места, и ќе трае до затворањето на тие избирачки места в сабота, 30 декември, во 20 часот. Право на глас на повторените парламентарни избори имаат 15.566 граѓани.

Истиот ден ќе се повтори гласањето на три избирачки места во Белград, на локалните избори за градското собрание.

Во Белград на едно избирачко место во градската општина Вождовац и на две избирачки места во општина Нов Белград ќе гласаат 4.629 граѓани. Повторното гласање, како и на 17 декември, ќе трае в сабота од 7 до 20 часот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.