Изборни нарушувања во струшко

Во Полициската станица во Струга денеска е пријавено дека во близина на основното училиште „Дедо Лазар Циркоски“ во село Враниште е закачена слика на еден од претседателските кандидати, како и дека е испишан графит во врска со претстојните избори.

Според портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, и на бандера во близина на основното училиште „Јонче Крежоски“ во село Мислешево бил испишан графит во врска со претстојните избори.

Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаја, истакна Димоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.