Издадени 1.217 нови потврди на мигранти

МВР издало вкупно 1.217 потврди на мигранти, од кои 856 се од машки пол, 144 од женски, а 173 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 44 деца кои патуваат без родител.

Ним им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Најбројни државјаните на Сирија

Најголем дел од нив, 883 се државјани на Сирија, 180 се од Авганистан, 86 од Ирак,  а другите се во помал број.

Од 19 јуни годинава до денеска во 8:00 часот издадени се потврди на 52.757 мигранти, од кои, 36.417 се од машки пол, 7.224 од женски, 8.174 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 942 деца кои патуваат без родител.

Меѓу нив најбројни се државјаните на Сирија-42.723, потоа следат Авганистан-2.775, Ирак-2.477, Пакистан-1.616, Палестина-694, Сомалија-564, Бангладеж-357, Конго-310, Нигерија-188, Камерун-158 Еритреја-142, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.

Поднесени 49 барања за азил

Во изминатите четири дена до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда. Од нив 36 барања се од државјани на Сирија, од кои 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил вчера се евидентирани вкупно 14 баратели на азил, од кои девет се мажи меѓу кои еден е повреден, две барателки се жени од кои едната е хоспитализирана поради браменост, три се малолетни лица, а еден барател на азил е малолетен без придружба со повреда.