Изгледите за продолжен период на високи каматни стапки ги урнаа берзите

На светските берзи, главните берзански индекси драстично паднаа минатата седмица, бидејќи најновите показатели ги ограничија очекувањата на инвеститорите за брзо намалување на каматните стапки, што, пак, продолжи да ги зголемува приносите на обврзниците, што пренасочува дел од капиталот го одвлекува од пазарите на акции на пазарите на обврзниците.

Индексот Dow Jones минатата седмица падна за 2,2 отсто, на 34.500 поени. Истовремено, индексот S&P 500 потона за 2,1 отсто на 4.369 поени, со што ја одбележа третата седмица по ред со загуби, што се немаше случено уште од февруари. Технолошкиот индекс Nasdaq, од друга страна, падна за 2,6 отсто, завршувајќи го тргувањето во петокот на 13.290 поени, исто така паѓајќи трета недела по ред, што е најдолга седмична негативна серија од минатиот декември.

На европските берзи цените на акциите паднаа трета седмица по ред, на најниско ниво во последниот месец. Лондонскиот FTSE индекс се лизна минатата седмица за 3,5 отсто, на 7.262 поени, а франкфуртски DAX за 1,63 отсто, на 15.574 поени, додека париски CAC зајакна за 2,4 отсто, на 7.164 поени.

„Одамна ни беше потребна корекција на цените на акциите, а сега е јасно дека повисоките каматни стапки станаа катализатор за тоа“, коментира за Reuters Мајкл Рејнолдс од консултантската компанија „Glenmede“.

Цените на акциите на њијоршки Волстрит се под притисок од почетокот на август, при што индексот S&P 500 се лизна на најниското ниво во последниот месец, поради податоците што укажуваат на континуирана инфлација, но и силната економска активност, па се чини дека американската економија не трпи последици од затегнување на монетарната политика. Затоа инвеститорите стравуваат дека каматните стапки ќе останат високи подолг временски период.

Американското Министерство за трговија, всушност, објави дека малопродажбата во САД пораснала за 0,7 отсто во јули, надминувајќи ги предвидувањата за раст од 0,4 отсто, што укажува на силната побарувачка и покрај високите каматни стапки на американската централна банка Federal Resere (Fed), додека податоците од пазарите на трудот не се причина за загриженост.

Натаму, записникот од последниот состанок на Fed во јули им покажа на инвеститорите дека повеќето монетарни функционери и натаму даваат приоритет на борбата против инфлацијата, што ја засили неизвесноста за идните изгледи за каматните стапки.

„Се согласувам со гувернерите дека не сме убедени дека инфлацијата е целосно зад нас. Мислам дека пазарите ќе бидат на нивните прсти за тоа што ќе прави Fed во септември и октомври“, вели Питер Туз од „Chase Investment Counsel“..

Истовремено, очекувањата дека каматните стапки ќе останат високи ги подигнаа приносите на 10-годишните американски државни благајнички на највисоко ниво од октомври 2022 година од 4,338 отсто, зголемувајќи ја нивната атрактивност на пазарите на капитал.

Инвеститорите чекаат нови насоки поврзани со каматните стапки следната недела од претседателот на Fed, Џером Пауел, од годишниот симпозиум на американската централна банка во Џексон Хол.