Изградила поголема куќа од дозволеното, се збогатила за 20.000 евра

ПС Дебар поднесе кривична пријава против Б.И.(55) поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “бесправно градење“.

Во текот на 2011 година, пријавената на сопствено земјиште, изградила станбен објект со површина од 184,5 метри квадратни што било спротивно на одобрението и на деталниот урбанистички план според кој на таа градежна парцела требало да се изгради објект со површина во основата од 166 метри квадратни. Пријавената  изградила објект со поголема површина од  18 метри квадратни, односно противправно се стекнала со  вкупно 55,5 метри квадратни станбен простор во целиот  објект  кој бил на три спрата, или со 19.425 евра сметано според цената на метар квадратен станбен простор кој изнесувал 350 евра. По основ на уредување на градежно земјиште, Б.И. платила 329.217 денари што одговара на површината на објектот по основниот проект додека според фактичката состојба на изградениот објект кој во површина е поголем за 55,5 метри квадратни требало да плати уште 80.586 денари. Оштетувајќи го буџетот на Република Македонија, пријавената Б.И. стекнала противправна имотна корист од околу 20.738 евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.