Излезеноста до 10 часот во Штип е 16, а во Пробиштип 11,3 проценти

Во Штип во 10 часот своето право на глас го искористиле 16 проценти од гласачите, кои се на избирачкиот список, информира претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева.

Таа истакна дека изборите течат мирно на 80-те избирачки места, каде право на глас имаат 42.083 избирачи.

Во Општина Пробиштип излезеноста на 41 гласчко место на Локалните избори до 10 часот е 11,3 проценти, соопшти претседателката на ОИК-Пробиштип, Ана Ѓоргиева.

Во оваа општина право на глас имаат вкупно 12.921 гласачи. Ѓорѓиева вели дека изборите течат мирно, во фер и демократска атмосфера и оти не се забележани инциденти на гласачките места.