Измама, фалсификување пари, злоупотреба на податоци – МВР расчисти девет кривични дела

Единицата за економски и компјутерски криминал во текот на изминатите денови до Основното јавно обвинителство во  Скопје поднесе девет кривични пријави, против девет лица, за исто толку сторени кривични дела.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи три од деветте кривични дела се „измама“ и против  лицата Б.А. (26), С.Д. (44), Р.П. (45) и Ј.И. (38), сите од Скопје се поднесени три кривични пријави .

За „фалсификување на пари“ поднесени се две кривични пријава, и тоа против  32-годишниот Е.Л. и 44-годишниот С.Љ. двајцата од Скопје. Пријавените во бензинска пумпа и во Супер маркет, како вистинити употребиле две фалсификувани банкноти во апоени од 500 и 1.000 денари.

Кривична пријава заработи и 47-годишната С.Џ.адвокатка  од Скопје кој се сомничи за две кривични дела „употреба на исправа со невистината содржина„  и “злоупотреба на лични податоци“. Пријавената  без знаење на оштетеното лице изработила полномошно наводно дадено и потпишано од оштетената при што до осигурителна компанија „Кроација осигурување„ поднела барање за надомест на штета, со што ги сторила наведените кривични дела.

Две од пријавите се и за сторени кривични дела –“фалсификување исправа„ против лицата В.К. (48) од Струмица и Д.М. (29) од Скопје.  В.К., како осигуреник при Фондот за здравствено осигурување на РМ, со намера да се стекне со паричен надоместок за спреченост на работа, на издаден Извештај од специјалист од Универзитетска клиника своерачно допишала дека боледувањето продолжува и ваквиот документ го доставила на лекарска комисија, додека Д.М. како судски референт во Основен суд Скопје 2 направил лажна Потврда од Синдикална организација при Основен суд Скопје 2, истата ја заверил со печат кој му бил доверен во работењето и ја употребил како вистинска.

Од МВР информираат дека дел од приведените девет лица веќе имаат досие.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.