Измир доби „Дебарска улица“

Во општина Борнава во турскиот град Измир, каде што има најголема концентрацијата на иселеници од дебарско-реканскиот крај Жупа, но и други делови од Македонија, една од улиците го доби името „дебарска“ (Debre sokak).

Одлуката општината донела на барање на македонските иселеници, а таблата со името на улицата е веќе поставена.

На свеченоста прсуствуваа и градоначалникот на општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски и Олгун Атила градоначалник на збратимената општина Борнава во Измир.

На свеченоста градоначалникот Атила покрај другото нагласи дека иселениците од Македонија се многу вредни и почитувани и заземаат посебно место во севкупниот општествено-економски живот во општината, информираше портпаролот на општина Маврово и Ростуше,Фикрет Ибраими.

За овој настан информирале и турските медиуми.

Според Ибраими, во посета на општината престојувала делегација на општина Маврово и Ростуше, како и жители од Долнореканското село Скудриње.

– Повод за посетата беше одржувањето на традиционалната иселеничка средба на сегашни и поранешни жители на селото Скудриње и нивните потомци кои сега живеат во Борнова, а чии корени влечат токму од Скудриње. Средбата и оваа година ја организира здружението „МакИтТурк“ од Скудриње, како и здружението од Борнова „Македонија Дебре култур“, за што сме им многу благодарни, посочува Ибраими.

Средбата била збогатена зурлите и тапаните на познатите дебарски „Мајовци“, пеjачите Благоја Грујовски и Емрах Мехмеди, како и ансамбли на нашинците во Турција.

Вакви средби на Скудринци по потекло, традиционално се одржуваат и во Италија, во есен, како и во селото, во лето, кога македонските иселеници кои живеат и работат, главно во Италија доаѓаат во родниот крај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.