Изреалскиот претседател во историската посета на ОАЕ ја истакна безбедностa

Израелскиот претседател Исак Херцог во неделата, во текот на својата прва посета на Обединетите Арпски Емираји, изјави дека неговата земја ја поддржува потребата на оваа земја во Персискиот залив за безбедност и дека се залага за посилни регионални врски, во моментот кога светските сили се обидуваат да го заживеат нуклеарниот договор со Иран со кој и двете земји се спротиставени.

ОАЕ заедно со Бахреин во 2020 година, со посредување на тогашниот американски претседател Доналд Трамп, со Израел потпиша договори за нормализација на односите познати како „Абрахамови договори“. Двете сунитски заливски држави и Израел споделуваат загриженост во однос на шиитски Иран и иранските сојузници во регионот.

За безбедноста и билатералните односи Херцег разговараше со владетелот на ОАЕ, престолонаследникот на Абу Даби шеикот Мохамед бин Заед ал-Најан.

Изминатите две седмици ОАЕ со дронови и проектили двапати беа нападнати од припадниците од јеменското шиитско племе Хути, кои се поврзани со Иран, како одмазда за тоа што Емиратите учествуваат во сунитската коалиција предводена од Саудиска Арабија на страна на владините јеменски сили.

„Целосно ги поддржуваме вашите безбедносни барања и на секој начин го осудуваме секој вид напад на терористичките групи врз вашиот суверенитет. Тука сме за заедно да изнајдеме начини и средства кои ќе ни овозможат на луѓето во регионот да им гарантираме мир“, рече Херцог.

Шеикот Мохамед изјави дека Израел и ОАЕ споделуваат „заеднички став кога станува збор за заканите по регионалната стабилност и мирот, особено кога станува збор за заканите од терористите и припадниците на милициите“.

Авионот на Херцог во текот на летот кон ОАЕ ја надлета Саудиска Арабија, а израелскиот претседател изјави дека тоа „навистина беше многу трогателен момент“.

Ријад и Израел немаат дипломатски врски, но израелската страна објави дека сака воспоставување односи со сунитската монархија која во светот е на лош глас поради непочитувањето на човековите права и практикувањето на ригидната вехабитска форма на исламот, но во која се наоѓаат двете најсвети места на исламот.

„Треба да продолжиме да работиме на Абрахамовите договори и во нашите настојувања треба да се придружат повеќе нации“, му порача Херцог на шеикот Мохамед.

Херцог се сретна и со министерот за надворешни работи и другите високи функционери на Емирати, а ќе се сретне и со членовите на еврејските заедници во ОАЕ.

Должноста на израелскиот претседател е главно церемонијална. Израелскиот премиер Нафтали Бенет ги посети ОАЕ во декември.