Изумира дрвото на животот

Старото африканско баобаб дрво, забележително по своето стебло, и познато како „дрво на животот”, е изложено на нова мистериозна закана поради која некои од најстарите и најголемите стебла нагло изумреле во последните години.

Девет од 13-те најстари баобаби, стари меѓу 1.000 и 2.500 години, се исушиле во последните 10-тина години според истражувањето објавено во научното списание Nature Plants.

Наглото изумирање се случува во размери без преседан, се наведува во истражувањето.

Постои сомнение дека на тоа влијаат и климатски промени со растот на температурите и се поголемите суши, но дефинитивната причина уште не е утврдена.

Ова дрво изумира во африканските земји Боцвана, Намибија, Јужна Африка, Замбија и Зимбабве.

Научниците гледаат малку дрва од овој вид во погодените области, додека постарите дрва изумираат.

Стивен Вудборн од јужноафриканската Национална фондација за истражување вели дека верува дека се поместува климатската област во која расте ова дрво. Поради тоа тој мисли дека не станува збор за општо изумирање на баобаб дрвата. Смета дека станува збор за поместување на местата под притисок на климата.

Баобабите се наоѓаат во жешките и суви делови на јужноафриканската савана и често се наоѓаат во области каде се движат слонови, носорози и други диви животни.

Слоновите помагаат дрвото да се размножува. Баобабите се култни за овој дел од Африка поради големината, обликот и возраста. Ова дрво собира големи количини на вода во своето стебло и гранките, што му дава “набабрен” изглед.

Големото дрво може да држи до 140.000 литри вода во текот на дождливите сезони. Жедните слонови често ја тргаат кората и пијат од водата.