На 21-ви јануари гласање за доверба на Црногорската влада

Гласањето за доверба на Владата на Црна Гора, што вчера го иницираше црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, најверојатно ќе се одржи на 21 јануари, јави Танјуг, пренесе МИА.

Ѓукановиќ вчера, на прес-конференција одржана по седницата на Владата, изјави дека министрите ја прифатиле неговата иницијатива за гласање доверба на владиниот Кабинет, кое ќе се одржи по 15 јануари.

Тој најави и дека во следните неколку дена ќе започне постапката за гласање доверба на Владата.

Црногорскиот премиер порача дека таквата иницијатива ја смета за одговорен потег, откако Црна Гора доби покана за членство во НАТО.