Јапонски експерти ќе работат на заштита на Охридското Езеро

Јапонски експерти ќе работат на физибилити студијата за рехабилитација и довршување на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро.

Експертите треба да пристигнат денеска, а на проектот ќе работат со претставници од Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро.

Дејан Пановски од Билатералниот секретаријат информира дека ќе работат согласно планот.

– До декември годинава треба да се изработи нацрт – верзијата на физибилити студијата, а во март идната година се очекува да биде готова и финалната верзија, изјави Пановски.

По изработката на физибилити студијата за рехабилитација, ќе се бараат донатори за рехабилитација и довршување на колекторскиот систем на Охридското Езеро од македонска страна.

МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.