Јавно извлекување на лицата кои ќе добијат надомест за сончев колектор

Јавно извлекување на лицата кои ќе го остварат правото на надомест на дел од трошоците направени за купен и вграден соларен колектор во своето домаќинство од објавениот повик  за 2015 година организира денеска Министерството за економија.

На извлекувањето ќе присуствува министерот за економија Беким Незири.

Од сите пристигнати апликации во рокот, со јавно извлекување на транспарентен начин, ќе бидат определени оние кои ќе добијат надомест од 30 отсто од направените трошоци,  но не повеќе од 300 евра.

Секој барател, кој има доставено барање за надоместување на дел од трошоците има право, доколку сака, да присуствува на јавното извлекување.

Досега вкупно се субвенционирани 3.021 домаќинство, а исплатени се вкупно 42.900.000 денари од Буџетот на Република Македонија.