ФОТО: Јове моли кај СДСМ и се координира за следните плукачки реакции

Несудениот претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Јове Кекеновски кој по ваквиот неуспех почна на големо да плука по владејачката партија, стигна доттаму да сега моли кај СДСМ и се координира за следните негови плукачки реакции, пишува Журнал.

Јове Кекеновски, кој сега во јавноста се обидува и сака да се прикаже како некаков независен политички аналитичар и кој лажно се претставува како некаков заштитник на ВМРО-ДПМНЕ, а чии ставови ревносно се пренесуваат на соросовите портали, деновиве е фотографиран во друштво на организацискиот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ.

Јове моли кај СДСМ и се координира за следните плукачки реакции
Јове моли кај СДСМ и се координира за следните плукачки реакции

На фотографијата што ја објави порталот, Кекеновски и  Зечевиќ се забележани на иста маса во скопскиот ресторан „Скала“ во Градскиот парк, како најверојатно кројат план и координација за следниот јавен настап на поранешниот хармоникаш за тоа кое опозицициско оро да го фати и како да распали по се’ и сешто што е поврзано со актуелната власт.

Во наредните денови останува да видиме какви насоки добил Кекеновски од организацискиот секретар на СДСМ.

Се очекува дека Јове да продолжи да свири по нотите добиени од Бихаќка во обидот да биде што е можно покорисен во своите плукачки чекори.