Јоветиќ го одби Реал (М) поради Манчестер Сити

Црногорскиот интернационалец од редовите на најбогатиот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Сити, Стеван Јоветиќ откри дека пред да ја прифати понудата на „граѓаните”, бил контактиран и од раководните лица на шпанскиот гигант Реал (М).

„Ќе ви откријам дека пред да постигнам договор со челниците на Манчестер Сити, бев контактиран и од раководните лица на шпанскиот гигант Реал (М). Сепак, јас без дилема ја прифатив понудата на Сити. Се одлучив за овој клуб затоа што верувам во големиот проект на Манчестер Сити. Знам дека ќе добијам шанса да соработувам со најдобрите фудбалери на денешницата. Требаше една сезона претходно да се преселам во Манчестер но имав одлична сезона во дресот на Фиорентина. Имав одлична соработка со актуелниот тренер на ’виолетовите’, Винченцо Монтела и не зажалив што останав во Фиренца”, изјави крилниот напаѓач.