Јуниорите на Баер Леверкузен убедливи против РБ Лајпциг

Во последниот меч од 29-то коло на германското фудбалско првенство, Баер Леверкузен во понеделникот вечерта на гостувањето го декласираше РБ Лајпциг со 4:1 и скокна на четвртото место на табелата, последното коешто води во квалификациите за Лигата на шампионите.

Домашните поведоа во 17 минута со голот на Марсело Забицер, а во последните моменти од првото полувреме гостите израмнија по брзиот контранапад кој со гол заврши Каи Хаверц.

На почетокот од второто полувреме „Аптекарите“ одиграа одлични 25 минути кога постигнаа три гола, со што беше решено прашањето на победникот. Стрелци беа 21-годишниот Јулијан Бранд во 51, 19-годишниот Панајотис Рецос во 56 и 18-годишниот Кевин Воланд во 69 минута.

Со овие три бода Баер Леверкузен направи скок од две места на табелата и сега е четврти со 48 бодови. На врвот е Баерни кој со 72 бодови веќе ја обезбеди титулата. Шалке 04 е на второто место со 52 бода, а трета е Борусија Дортмунд со 51 бод. Петти е Ајнтрахт со 46 бодови, колку што има и сега шестиот РБ Лајпциг.