Кагава исфрустриран поради голгетерскиот пост

Јапонскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед, Шинји Кагава, јавно призна дека е премногу нервозен поради фактот дека нема постигнато ниту еден погодок во актуелната сезона.

„Се’ уште не сум се запишал во листата на стрелци и можам да потврдам дека многу ме нервира тој факт. За прв пат во мојата кариера не сум во состојба да му помогнам на мојот тим, да не сум од некаква корист. Многу сум разочаран, дури и исфрустриран. Чуствувам голем притисок и обврска дека морам да постигнам погодок на следниот првенствен натпревар. Морам да ставам крај на оваа црна серија. Знам дека се уште не сум покажал колку сум добар фудбалер и не сум покажал се што знам. Поради голгетерскиот пост, јас не сум доволно сконцентриран во пролетниот дел од актуелната сезона”, изјави крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед.